Крцкави посни лепчиња од тавче за појадок и запечен компир со јајца за ручек

Посните лепчиња можете да ги искомбинирате со што сакате павлака, путер, ајвар, сирење, кајмак.

Состојки:

200 мл кисела вода

пол. лаж прашок за пециво

пол. лаж сол

3 лаж. масло

брашно по потреба

Подготовка:

Изматете ги маслото и водата, во брашното измешајте ги прашокот за пециво и солта па замесете тесто кое не се лепи за прсти. Ставете го тавчето да се загрее, подмачкајте го со неколку капки масло. Кинете парчиња тесто, развлечете со рака со големина на дното на тавчето, ставете ги лепињата во врело тавче, поклопете го и намалете ја температурата.

За минута-две лепчињата ќе се запечат, свртете ги на другата стран запечете ги и повторете ја постапката додека не се потроши тестото. Што потенки се лепчињата, побрзо се прават и се покрцкави. Можат да се послужат со главно јадење или како појадок и вечера со сирење, кајмак, павлака, ајвар.

kompiriЗАПЕЧЕН КОМПИР СО ЈАЈЦА

500 гр. компир

сол, пипер, зачини по вкус

50 мл зејтин

1 лаж. црвен пипер

200 мл. млеко

2-3 јајца

1 лаж брашно

1 лаж. буковец

Подготовка:

Компирот излупете го и исечкајте го на кругови. Испржете го во масло на тивок оган со често мешање.Посолете, додајте пипер, зачини и црвен пипер. Пржете околу 20 мин. компирот да омекне  (компирот наместо да го пржите, можете да го запечете во огноотпорно тавче.)

Омекнатиот компир префрлете го во тавче. Брашното измешајте го со јајцата и млекото, малку посолете го па прелијте преку компирите. Посипете со буковец. Печете во рерна на 250 степени 20-на минути. Послужете со било кое печено месо.