Крцкаво пилешко со лук

За да го подготвите крцкавото пилешко месо со лукче според рецептот на светски познатиот готвач Џејми Оливер потребни ви се:

1 чешне лук
1 лимон
6 солени кекси
2 лажици путер
4 гранчиња свеж магдонос
морска сол
свежо мелен црн бибер
2 полни лажици сенаменско брашно
1 поголемо јајце
2 парчиња пилешки гради
маслиново масло

Начин на подготовка:
– Излупете го лукот и изрендајте ја лимуновата кора.

– Ставете ги кексите со путерот во блендер и додадете го лукот, сецканиот магдонос, изренданата кора од лимон и прстофат сол и бибер. Мелете додека не добиете хомогена смеса. Оваа смеса сипете ја на чинија.

– На друга чинија ставете го брашното, а во трета изматете го јајцето со вилушка.

– Пилешките гради исечете ги на потенки шницли. Шницлите ставете ги во пастична кеса и неколку пати исчукајте ги со чук за да ги истенчите.

– Пилешките шницли увалкајте ги во брашното, па во јајцето и на крај во смесата која се наоѓа во првата чинија. Со рака наросете од преостанатата смеса на секоја шницла за да бидат убаво прекриени.

– Пилешките шницли можете да ги испечете или да ги испржите.

– Ако ги печете, загрејте ја рерната на највисоката температура, пилешкото наредете го во тава и ставете да се пече во загреаната рерна 15-тина минути.

– Ако ги пржите, тавата во која ќе ги пржите ставете ја на рингла на средна температура, ставете маслиново масло и пржете ги шницлите по 4-5 минути од секоја страна, односно додека не добијат убава боја и не станат крцкави.

– Крцкавите пилешки шницли може да ги сервирате цели, но може и да ги исечете на ленти.

– Послужете ги со свежа салата или некој обарен зеленчук и парче лимон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.