Креаторот на „новичок“ објаснува зошто Скрипал преживеале

Рускиот хемичар Вил Мирзајанов кој живее во САД и себеси се нарекува „еден од творците“ на нервниот отров „новичок“ коментирајќи го извештајот на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за труењето на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солсбери, ја објаснува неефикасноста на супстанцијата со маглата.

Во рзговорот за Комерсант FM, Мирзајанов го нарекува „идиот“ оној што го употребил нервниот агенс во климатските услови кои владеат во Велика Британија. Порадиот тоа, истакнува хемичарот, Скрипал останале живи, бидејќи немало доволно концентрација на отровот, па оттаму го изведува заклучокот дека трујачите не ги познавале карактеристиките на „новичок“.

Истовремено Вил Мирзајанов претпостаува дека супстанцијата е создадена во лабораторија на многу добро опремен центар, затоа што во спротивно не би можеле да се избегнат примесите во агенсот.

Како што појаснува научникот, недостатокот на „новичок“ бил во тоа што има висока отпорност на вода, односно, е нестабилна супстанција. Оваа супстанција, вели Мирзајанов, може да биде стабилна само во отсуство на влага. Во Англија на 4-ти април, кога беа отруени Скрипал, имало магла, истакнува.

„Во услови на влажноста, да ја употреби оваа супстанција можел само идиот“, тврди Мирзајанов.

Во четвртокот OPCW го објави својот извештај за труењето во Солсбери, но во него не е наведено ниту потеклото на нервниот агенс, ниту окретно го именува отровот.

Еден од развивачите на технолигиите за уништување на хемиското оружје во Русија, поранешен инспектор на ОН за присуството на хемиско оружје во Ирак, Антон Уткин, изјави за радиото НСН дека OPCW нема да може да открие каде е произведена супстанцијата.

„Се разбира дека OPCW нема да даде никакви заклучоци од политички карактер во врска со потеклото на овие супстанции. Велика Британија, секако, ќе се обиде да ги искористи овие заклучоци во своја полза, тврдјеќи дека OPCW ги потврдил британските заклучоци. Сепак, во реалноста, техничкиот апсект на ниеден начин не ги потврдува политичките изјави од Лондон“, вели Уткин.