Кредиторите ќе побараат Грција да вети дополнителни мерки

Растојанието кое ја одвојува Атина од Брисел во преговорите останува големо, особено што европските претставници проценуваат дека Грција ќе мора да вети дополнителни мерки годинава, со цел да постигне договор со кредиторите за фискалните и макроекономските бројки, пренесува МИА.

Ова денеска го пишува „Катимерини“ истакнувајќи дека кредиторите ќе бараат спроведување дополнителни мерки за да се обезбедат три милијарди евра.

Весникот цитира извори според кои Брисел очекува грчката економија годинава да има раст меѓу нула и 0,5 отсто во најдобар случај, додека примарниот буџетски биланс ќе се движи помеѓу нула и дефицит од 0,5 отсто од БДП. И сето ова во услови специјалниот данок на имот ЕНФИА да продолжи да се применува како што беше во 2014 година, клаузулата за нулта дефицит да продолжи да важи за дополнителните пензиски фондови, како и да нема божиќен бонус кој Владата го вети.

Според кредиторите, за да се достигне примарен суфицит од 1,5 до два отсто, грчката Влада „ќе мора да се преземе мерки во вредност од три милијарди евра“.