Крег: Попрво би исекол вени отколку повторно да го глумам Бонд

Даниел Крег, актерот што на крајот на месецот на големотот платно по четврт пат ќе се појави во улогата на агентот 007, изјавил дека попрво би исекол вени отколку повторно да се појави во улогата на Џејмс Бонд.

Во интервју за Тајм аут, Крег (47) одговори на прашањето на британскиот новинар дали повторно би ја толкувал улогата на најпознатиот таен агент со зборовите: „Попрво би ја скршил оваа чаша и би исекол вени“.

-Не сакам веќе да го играм Бонд. Само сакам да ја продолжам кариерата со други остварувања, изтакнува британскиот актер.

Ова интервју е објавено оваа недела, но е направено во јули, кога зарши снимањето на 24-иот филм за Џејмс Бонд.

Британскиот актер вели дека во улогата на тајниот агент дал се што имал да даде.

-Секоја идеја што ја имав за филмот за Бонд ја вметнав во овој последниот филм. „Бонд банката“ е празна. Ако ме прашувате што би сакал да правам за следниот филм нема да знам да ви кажам. Да одиме во вселената? Ајде! Веќе тоа го имаме направено. Ајде одново, објаснува Крег.

Најновиот филм за Џејм Бонд ќе биде премиерно прикажан во Британија и во Ирска на 26-ти октомври, а на почетокот на ноември и во другите делови од светот.