Креираната вистина на Заев не му помина

И оваа, петнаесетта по ред „бомба“ на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев издиша. Иако беше најавувано дека ќе биде обелоденета афера за скандалозен корупциски криминал на власта, повторно во монтираните снимки можеше да се слушнат само износи, но ниту во еден момент не стана конкретен збор дека се работи за изнудена провизија.

Имено, Заев денеска пред јавноста сакаше да објави наводен криминал направен во врска со нарачка на опрема за потребите за ДБК.

Тој обвини дека опремата за Дирекцијата, во која спаѓаат и софицистицирани апарати за прислушување била набавувана во 2008. и 2011. година и дека истата наводно сега се користела за нелегално добивање информации и нарушување на приватноста на граѓаните на Република Македонија. Со ова Заев уште еднаш ги потврдува нелогичните и небулозни обвинувања дека аудио материјалите биле користени пред се за прислушувања на опозицијата, кога од досега приложеното единствено што може да се слушнат се приватни разговори меѓу највисоки функционери од државниот врв.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.