среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Креираните материјали имаа јасна политичка цел за смена на демократски избрана влада од убедливото мнозинство граѓани

gruevski-profilna-640x427

Поврзани вести

Премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање истакна дека на домашен план, во однос на политичките случувања 2015. година беше многу тешка.

Година во која се случи политичката криза, сигурно најтешката во историјата на независна Македонија, откако желбата да ја собори оваа власт, некого го натерала незаконски и криминално да организира и да снима телефонски разговори на голем број политичари и јавни личности, кои откога биле добро спакувани, во смисла едитирани, ставени во различен контекст и создадени наменски креирани материјали, со месеци беа оружје со кое се сакаше да се постигне јасна политичка цел, промена на власта во Република Македонија, и тоа на само неколку месеци претходно избрана од убедливото мнозинство граѓани на Македонија на организирани избори, кои никој друг освен нашиот политички опонент не ги прогласи за нефер или недемократски.

Јас нема да објаснувам што се случуваше во изминатава година на политички план, бидејќи вие почитувани граѓани бевте сведоци на се, се гледавте, имавте многу информации и извлековте многу заклучоци. Јас имам свој поглед за сите работи и многупати гледајќи ве во очи сум ви го соопштил, и од целиот овој контекст кој ни беше наметнат единствено ме притиска фактот што да не беше оваа политичка криза наметната од опозицијата, економијата ќе се развиваше уште побрзо и многу поголем број на лица ќе се вработеа, рече Груевски.

Најчитани вести