Кремлин потврди: Лидерот на Северна Кореја ќе ја посети Москва

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун најверојатно ќе ја има својата прва официјална посета во странство во мај, за да присуствува на комеморативната церемонија за Втората светска војна во Москва, соопшти официјален Кремлин.

Портпаролот на претседателот на Русија потврди дека лидерот на Северна Кореја е помеѓу 20-те државни лидери кои планираат да присуствуваат на церемонијата, со што ќе бидат одбележани 70 години од победата на Советскиот сојуз во Втората светска војна.

Како и да е, Кремлин не го спомена името на Ким Џонг Ун, така што сеуште не се знае дали тој лично ќе присуствува или во негово име ќе биде испратен неговиот министер за надворешни работи Ким Јонг-нам.