Кремљ ги отфрли тврдењата на Анкара дека извршила воено злосторство во Сирија

Кремљ решително ги отфрли обвинувањата на Турција дека Русија извршила воено злостроство во Сирија, откако од ракети беа погодени медицински центри и училишта и беа убиени десетици лица, пренесе БТА.

– Категорично ги отфрламе ваквите тврдења, затоа што секој пат, кога оние кои даваат вакви изјави, секогаш покажуваат неспособност да ги докажат нивните неосновани обвиненија, изјави пред новинарите во Москва портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.