Кремљ: И официјално ставен крај на разводот на Путин

Официјален Кремљ денеска практично потврди дека е ставен крај на разводот на рускиот претседател, Владимир Путин, од неговата сопруга Људмила, со која беше во брак цели 30 години.

Во официјалната биографија на Путин на сајтот на Кремљ до 27-ми март стоеше „Оженет. Сопруга Људмила Александровна Путина“, додека сега се наведува само дека претседателот има две ќерки, додека првата дама на Русија воопшто не се споменува.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, во изјава за руската агенција „Итар Тасс“ потврди дела на раздовот конечно му е ставен крајот.

Брачната двојка во јуни минатата година издаде неочекувано соопштение за тоа дека ќе се разведат по цели три децении брак.