недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 27

Кремљ: Нема нови преговори за „Јужен тек“

Кремљ ги негираше информациите дека ќе се обновуваат преговорите меѓу турските и бугарските власти за проектот за гасоводот „Јужен тек“.

gas

Поврзани вести

Кремљ ги негираше информациите дека ќе се обновуваат преговорите меѓу турските и бугарските власти за проектот за гасоводот „Јужен тек“.

Русија нема да ги продолжи преговорите за изградба на гасоводот „Јужен тек“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесе Спутник.

Сега таков проект не постои. Тој е откажан. Според тоа не постои предмет за преговори, рече Песков.

Изјавата на Песков следеше откако бугарскиот весник Стандард ги цитираше изворите од бугарската влада кои рекле дека работата на „Јужен тек“ би можела да продолжи во следните неколку недели.

Прес службата на бугарскиот совет на министри соопшти дека бугарските власти немаат информации за можно обновување на преговорите со Русија за гасоводот „Јужен тек“.

Кон крајот на 2014-та Москва ја откажа изградбата на гасоводот што би поминувал низ Црно Море, Бугарија, Србија, Унгарија и словенија па до Италија и Австрија. Информациите дека ќе следи обновување на преговорите за „Јужен тек“ се појавија по влошувањето на односите помеѓу Москва и Анкара и прекинот на проектот „Турски тек“.

Најчитани вести