четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 41

Кремљ: Оставката на советникот на Трамп е внатрешна работа на САД

Флин поднесе оставка откако беше откриено дека разговарал со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак за санкциите кои администрацијата на претходниот претседател на САД Барак Обама ги воведе против Москва

133283625

Последни вести

Оставката на Мајкл Флин, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, е внатрешна работа на САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

– Кажавме се што сакавме да кажеме, истакна Песков на прес-конференцијата.

Флин поднесе оставка откако беше откриено дека разговарал со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак за санкциите кои администрацијата на претходниот претседател на САД Барак Обама ги воведе против Москва, пред Трамп да ја презеде должноста. Флин го излажал американскиот потпретседател Мајк Пенс дека не се случил таков разговор.

Песков претходно наведе дека Флин и Кисљак не разговарале за укинувањето на санкциите, но денеска одби да одговори на прашањето за неговиот претходен коментар.

Најчитани вести