Кремљ: Претседателските избори се лигитимни и покрај отстуството на Навални

Претседателските избори коишто ќе се одржав во март ќе бидат сосема легитимни, и по отфрлување на кандидатурата на Алексеј Навални, главниот критичар на актуелниот претседател претседател Владимир Путин, по што опозиционерот повика на бојкот на изборите, соопшти во вторникот Кремљ.

„Неучеството на една од личностите коишто сакале да се кандидираат поради законски пречки, во ниеден случај не може да ја доведе во прашање легитимноста на изборите“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Навални, кој ја обвинува руската елита за корупции, во понеделикот руска Централна изборна комисија му ја одби кандидатурата за изборите предвидени за 18-ти март, на коишто е апсолутен фаворит Владимир Путин со моментална поддршка од речиси 80 отсто во анкетите.

Навални повика на бојкот на претседателските избори и одлуката донесена поради, како што тврди, наместени афери за да биде отстранет од политиката.

Изборната комисија го исклучи од изборната трка Навални поради осуденоста во 2017 година за „тешко или особено тешко“ кривично дело и поради тоа што против него се уште се водат дела.