четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Кремљ: Путин е основната цел на „Панамските документи“

„Панамските документи“ објавени денеска во сто светски медиуми тврдат дека лица поврзани со Путин се вмешани во офшор шема.

105853609

Последни вести

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е основната цел на „Панамските документи“ во кои се спомнуваат луѓе од неговото опкружување.

– Путин, Русија, нашата стабилност и претстојните избори се основните цели. Станува збор за дестабилизирање на земјата, Основната цел на таквата дезинформација е нашиот претседател, изјави Песков.

Според него, Путин е цел на напади не само поради претстојните парламентарни избори на есен, туку и за претседателските избори во Русија по две години.

– Таквата Путинофобија во странство достигна таков степен што веќе е табу да се каже нешто добро за Русија. Задолжително е да се зборуваат лоши работи, многу лоши работи и кога нема што да се каже, посочи Песков.

Тој додадава дека нема ништо ново или конкретно да се каже за Путин и оти „Панамските документи“ се измислици и фалсификати. Песков истакнува дека истрагата е дело на поранешни претставници на американската разузнавачка агенција ЦИА или на Стејт департментот.

„Панамските документи“ објавени денеска во сто светски медиуми тврдат дека лица поврзани со Путин се вмешани во офшор шема.

Најчитани вести