Кремљ: Путин и Трамп нема да даваат изјави за медиумите по средбата

© AP Photo / Alexander Zemlianichenko

Кремљ објави дека уште не е усогласен датумот за првата средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега по должност Доналд Трамп, како и дека веројатно медиумите ќе бидат исклучени од тој настан, пишува во средата весникот Известия.

Претходно беше објавено дека првата дирекна средба меѓу Путин и Трамп била договорена во текот на нивниот телефонски разговор минатиот месец и оти таа е предвидена во рамките на самитот на „Големата дваесетка“, кој ќе се одржи во германски Хамбург на 7 и 8 јули.

Весникот го цитира портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, кој открива дека состанокот веројатно ќе се одржи во текот на самитот на Г20 во јули во Хамбург, но дека терминот уште не е одреден.

Истакнал дека засега не се планирани никави изјави за медиумите по таа средба. „Ќе има само состонок“, рекол портпаролот на Кремљ.

Американскиот амбасадор во Москва, Џон Тефт, неодана изјави дека конкретен договор за сребата меѓу Трамп и Путин уште нема.

Од почетокот на годината Владимир Путин и Доналд Трамп имаа три телефонски разговора. На почетокот од мај челниците потврдија дека лично ќе се сретнат на самтот на Г20.