Кремљ упати критики до САД за уцените кон Украина

Денес Кремљ упати критики кон САД, повикувајќи ги да престанат да ја уценуваат Украина и да ги финансираат бунтовниците, пренесе „АФП“.

„Западот мора да престане со уцените и заплашувањата“, истакнал советникот на рускиот претседател Сергеј Глазиев, посочувајќи ја како пример средбата на заменик државниот секретар на САД Викторија Нуланд, со олигарси блиски до украинската Влада во декември.

„Колку што знаеме, таа им се заканила на олигарсите со нивно „запишување“ во американската црна листа, ако претседателот Виктор Јанукович не ја предаде власта на опозиција. Тоа нема никаква врска со меѓународното право“, изјавил тој.

„Се чини дека САД го поддржуваата државниот удар“, додал Глазиев, според кого тие даваат 20 милиони долари неделно, за да ги финансираат опозицијата и бунтовниците и за да ги вооружуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.