Кретил, Металопластика, Азоти и Санкт Петербург ќе настапат на Струшкиот ракометен турнир

Покрај македонските екипи Вардар, Металург и Струга, на 42. Меѓународен ракометен турнир – “Струга 2014” ќе учествуваат екипите на Кретил (Франција), Металопластика (Србија), Азоти (Полска) и Санкт Петербург (Русија)

Турнирот кој ќе се одржи од 13 – 16 август го помогна и Агенцијата за млади и спорт (АМС).
“Агенцијата за млади и спорт продолжува со своите активности за промоција и поддршка на македонскиот спорт на меѓународен план. Со одржувањето на турнирот „Струга 2014“ градот Струга ќе биде ракометен центар во југоисточна Европа, а Македонија уште еднаш ќе го потврди своето реноме и својата позиција на светската спортска карта. Екипите се силни и квалитетни. Ова е еден од најзначајните спортски настани во државата и од година во година прераснува во еден од најреномираните и најелитните европски ракометни настани, изјави директорот на АМС Марјан Спасески и додаде дека одвоиле околу 700 илјади денари како поддршка за организацијата
Спортскиот директор на турнирот Сашо Србиноски информира дека екипите ќе бидат поделени во две групи, а носители се македонските учесници во Лигата на шампионите Металург и Вардар. Натпреварите ќе се играат на отвореното ракометно игралиште кај „Женската плажа“