Креветски душек изваден од шахта кај кружниот тек кај „Континентал“

Екипите  на Градот Скопје по  силното невремето кое го зафати Скопје во саботата попладне на 2 јули, излегоа на терен и  извршија повеќе интервенции за да ги санираат последиците од обилните врнежи, односно да се отстранат водите од подвозниците коишто го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

Градот Скопје ја информира јавноста дека кружниот тек кај хотелот Континетал, кој исто така беше поплавен,  изграден е во времето кога градоначалник на Скопје беше Трифун Костовски, а Градот Скопје  потоа  ги санираше  пропустите  со  изградата на  магистрален атмосферски колектор на овој кружен тек , кој при секој пороен дожд се поплавуваше. Санацијата во голема мера и долгорочно ги реши проблемите при поројните дождови.

Но, не е важно кој го изградил кружниот тек и атмосферската канализација, загрижува фактот што е некој се обидува да го попречи функционирањето на канализацијата, бидејќи екипите на Градот при интервенцијата по саботното невреме при чистењето на шахтите најдоа креветски душек кој го блокираше протокот на атмосферските води и предизвика затнување на атмосферската канализација и поплавување на кружниот тек.

Воедно, Градот Скопје ги демантира  пишувањата на порталот А1он.мк со наслов Автокоманда: Коце Трајановски правеше кружен тек или базен? И ги оценува како невистинити и манипулативни.

Од Градот апелираат до граѓаните да не ги користат шахтите за атмосферска канализација како контејнери и да не фрлаат во нив цврсти и неразградливи предмети.