Крим: 96,7 отсто гласаа за Русија

Лидерите на Крим, кои ја поддржуваат Моска, соопштија дека 96,7 отсо од жителите на црноморскиот полуостров гласале за отцепување од Украина и присоединување со Русија.

Прорускиот лидер на Крим Сергеј Аксионов денеска објави дека според конечните резултати 96,7 отсто од граѓаните на вчерашниот референдум гласале за отцепување од Украина и спојување со Русија .

На референдумот на гласање излегле 83 отсто од избирачите што е голем број со оглед на тоа дека многу најавуваа бојкот на изборите.

Долниот дом на руската Дума изјавил дека многу брзо ќе се усвои закон со кој ќе се овозможи анексија на Крим, изјави заменик претседателот на Думата, Сергеј Неверов, пренесе Ројтерс.

Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг утринава на својот Твитер профил напиша дека Лондон не ги признава резултатите од референдумот на Крим и ја повика ЕУ строго да ја казни Русија.

Американскиот претседател Барак Обама разговал со рускиот претседател Владимир Путин и рекол дека тој и неговите европски сојузници се подготвени да ја казнат Москва за нарушување на територијалниот интегритет на Украина.