Крим: Декларација за независност

Парламентот во Крим денеска прогласи независност на тој полуостров од Украина, пред референдумот за присоединување на таа територија кон Русија.

„Декларацијата за независност на автономната област на Крим  и градот Севастопол“ е усвоена со 78 гласови, до вкупно 81 присутен пратеник, соопшти кримскиот парламент кој што властите во Киев го сметаат за нелегален.

Парламентот на Крим за 16-ти март закажа референдум на кој што граѓаните треба да се изјаснат за присоединување кон Русија. Одлуката за референдум е донесена откако прозападната опозиција ја смени власта во Украина.

Руската Дума на 21-ви март ќе го разгледува предлогот за присоединување на странската територија која ќе изрази таква желба, како што е случајот со крим, но и забрзување на процедурата за издавање на пасоши на граѓаните од тие подрачја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.