Свет

Крим е прикажан како дел од Русија во атлас

Крим е прикажан како дел од Русија во атлас

Украинскиот амбасадор во Франција Олег Шамшур изрази „големо разочарување“ откако славната издавачка куќа „Ларус“ во својот нов општествено-економски атлас Полуостровот Крим на Црно Море го нацртала како дел од руската територија.

Како што пренесува Танјуг, претставниците на „Ларус“ не сакале да ја коментараат оваа одлука.

„Атласот на ’Ларус’, што со ѕвездичка означува дека Крим е припоен кон Русија, го смета за легитимно руското флагрантно кршење на меѓународното право“, наведе Шамшур во писмото упатено до издавачката куча „Ларус“, пренесува МИА.

Русија во март 2014 година го анектира Крим, после спорниот референдум на кој излегоа 97 отсто од избирачите на оваа територија.