Крим ќе се откаже од украинската валута во април

Крим ќе се откаже од украинската валута-гривната, во април. Ова го соопшти за РИА Новости висок претставник на владата на регионот, чие население го поддржа референдумот за пристапувањето кон Русија.

Претходно властите соопштуваа дека гривната ќе остане официјална валута до 2016 година.

„За жал морам да кажам дека паралелната циркулација на рубљата и гривната нема да биде возможна“, рекол вицепремиерот на Крим, Рустам Тамиргалиев, додавајќи дека регионот преминува кон употреба на рубљата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.