Крим одлучува на 16 март: Русија или Украина?

Референдумот за статусот на Крим ќе се одржи на 16 март, најави денеска потпретседателот на Владата на тој регион.

Од жителите на Крим ќе биде побарано да одлучат дали Крим ќе остане дел од Украина или да се приклучи кон Русија.

„Референдумот ќе се одржи на 16 март“, рече потпреседателот на Владата во Крим, Рустам Темиргалиев.

Новиот датум е две недели пред оној што беше најавен минатата недела.

Тој појаснил дека граѓаните на Крим ќе треба да дадат одоговор на едно од двете прашања: Дали сте за Крим да стане составен дел на Руската Федерација? или Дали сте за враќање на Уставот од 1992 година?

Според Уставот на Крим од 1992 година републката е дел од Украина и односите се базираат на договори.