Крим прогласи независност

Врховниот совет на Крим на вонредна седница ја усвои резолуцијата за независност и се обрати до Русија за „прием на република Крим во состав на Руската федерација“.

Собранието на Крим, исто така, се обрати и до Обединетите нации и сите држави од светот да ги признаат.

За тој предлог гласале 85 пратеници на кримското собрание.

На Крим вчера беше одржан референдум за статусот на кој, според објавените резултати, 96,7 отсто од гласачите гласасе за присоединување со Русија, а 2,51 отсто од гласачите биле Крим да остане дел од Украина.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.