Свет

Крим: Русија да го заштити населението во Југоисточна Украина

Крим: Русија да го заштити населението во Југоисточна Украина

Премиерот на Крим, Сергеј Аксонов ги повика властите во Русија да ги здружат силите за заштита на населението во Југоисточна Украина, пренесе „РИА Новости“.

„Овој патриотски подем што денес го има во Крим и во Русија, го видов во сите нас, без разлика од политичките ставови и партии и тој треба да се шири кон Југоисточна Украина, каде гледаат кон нас со надеж, каде што очекуваат нашата поддршка и помош. Уверен сум дека ние ќе ги зачуваме овие патриотски чувства во однос на жителите на Југоисточна Украина, ќе ги поддржиме во ова тешко време. Уверен сум дека Русија ќе може да ги заштити денес, своите сонародници таму. Предлагам да ги здружиме напори за ова прашање“, изјавил Аксонов за време на состанокот со пратениците од руската Државна дума.