Крим се појави на руската карта

Крим се појави на картата на Русија, објавена на сајтот на Советот на Федерацијата, пренесе „РИА Новости“.

Во моментов во Горниот дом на рускиот парламент се одржува свечена церемонија поради пристапувањето на знамињата на Крим и градот со федерално значење Севастопол кон заедничката галерија од знамиња на субјектите на Руската Федерација.

На референдумот од 16 март повеќе од 90 отсто од жителите на полуостровот го поддржаа пристапувањето на територијата кон Русија. Соодветниот договор беше потпишан во Москва на 18 март. На крајот на минатата недела, двата дома на рускиот парламент го ратификуваа договорот.