Криминалецот кој го бркаше Диме Спасов е прв братучед со обвинет за убиство на полицајците во Арачиново

диме спасов

Еден од лицата со дебело криминално досие, кој во петокот навечер го бркал Диме Спасов по скопските улици, е близок роднина со лице од Чаир, обвинето за убиство на полицајци.

Имено, според информации до кои дојде Нетпрес, Даут Динарица е прв братучед со Лирим Динарица, обвинет во случајот со убиството на тројцата полицајци на влезот на скопското село Арачиново во јануари 2000-та година.

Таткото на Даут Динарица, кој го бркаше Диме Спасов и вчера излезе во одбрана на Оливер Спасовски, Рамадан Динарица, е брат со Хамза Динарица, кој пак е татко на Лирим Динарица, велат нашите извори.

Лирим Динарица беше првообвинет за убиството, кое се случи вечерта на 11 јануари, на полицајците Кирил Петрушевски (23), Ерол Готак (27) и Ацо Ангеловски (26).

Според обвинението, во тројцата полицајци било пукано со автоматски пушки и со пиштол, по што со неколку автомобили, сторителите веднаш побегнале од местото на злосторството.

Во текот на истрагата уапсени и притворени беа повеќе лица. За време на истражната постапка Лирим Динарица го признал убиството, но потоа во текот на судењето го повлекол својот исказ.

На обвинителна клупа, како обвинети за случајот, седнаа Лирим Динарица, Рамиз Асани, Муча Бајрами, Башким Асани, Агим Асани, Наим Асани и Емрула Емрулај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.