Криминална банда крадела во Белгија, а пленот го носела во Албанија

Во соработка, албанската и белгиската полиција денеска разбија опасна криминална банда, која била активна во Белгија, чија специјалност била тешки кражби и разбојништва, објави МИА.

Акцијата била рализирана, во истовреме, во населбата „Дуда“ во северниот албански град Скадар, во која учествувале припадници на специјалната единица за брзи интервенции „Ренеа“ како и во и белгискиот Луевен.

Белгиската полиција уапсила 15 лица, од нив 13 Албанци меѓу нив и една жена, како и двајца белгиски државјани.

Нивните албански колеги, по наредба на судот, при контрола на неколку објекти во споменатата населба во Скадар, заплениле 150 илјади евра во готово, четири автомати, два пиштола и една пушка, 50  скапи часовници, златен накит, три луксузни автомобили и два мотора.

Членовите на оваа криминална банда ограбувале во Белгија, но украдената стока ја носеле во Албанија каде и ја продавале. Акцијата следела по двегодишна истрага.