Крис Џенер ја посрамоти ќерка и’ Ким

Крис Џенер во најновото продолжение на серијалот „Keeping Up with the Kardashians“ прописно ја посрамоти нејзината ќерка Ким Кардашиан.

Таа ја потсети Ким на нејзиниот брак со Крис Хамфрис и и’ префрли на ќерка и’ дека била мошне несериозна.

Инаку, тој брак траеше само 72 дена. А се започна така што Крис се најде на мета на критиките затоа што му помогнала на синот Роб да купи куќа.

Не би требало да ја плаќаш куќата на твојот син кој има речиси 30 години. Ти си проблем во оваа приказна, рече Ким.

Таа веројатно не очекувала дека ќе добие груб одговор од нејзината мајка.

Сите вие можете да од.бе.те и да најдете нешто друго за разговор. Ве гледав сите вас како поминавте низ многу сра.а со коишто јас морав да се носам. Ти беше во брак 72 дена!? Тоа беше нормално, нели, дофрли Крис.