Крис Фрум се откажа од титулата на Тур д’ Франс

Бранителот на титулата на најпрестижната велосипедска трка Тур де Франс, Британецот Крис Фрум, го заврши својот настап на 101 издание, откако на два пати претрпе пад на петта етапа која се вози од Ипра до Аренбер Порте де Ину.

Британецот немаше среќа и при падот го повреди левиот зглоб на раката, а двете излетувања го натераа предвреме да го заврши својот настап на трката околу Франција.

Возачот на Скај се најде на асфалтот кога се возеше 29 километар на етапата, но сепак пресудниот пад го имаше во 80 километар кога заедно на земјата се најде со Шпанецот Чаби Зандио. Фрум беше видно разочаран по третиот пад во само два дена на Тур де Франс, по што дефинитивно се реши да стави крај на овогодинешниот настап, иако голем дел од неговите колеги и членови на тимот Скај на секој начин се обидоа да го премислат во оваа одлука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.