Кристал мет, голи момчиња, скандали…. Раскалашен рок бенд? Не- Бундестаг!

Пратеникот во Бундестагот од редовите на Социјалдемократската партија, Михаел Хартман признал дека „многу малку“ конзумирал од дрогата „кристал мет“, пренесуваат денес германските медиуми.

Медиумите наведуваат дека овој политичар неодамна обвинет заради кршење на законот за опијатите и дека, според шпекулациите во медиумите, изгледа имал и „штоф“, не само за лична употреба туку и за трето лице.

Една личност од опкружувањето на Хартман, имено за „Алгемајне цајтунг“, рекла дека поаѓа оттаму што Хартман еднаш земал едно парченце дрогата „за која се зборува“, но дека тој тогаш „си ги држел прстите подалеку“ од тоа и дека се погрешни шпекулациите за количините за трето лице.

Од опкружувањето на Хартман се отфрла можноста дека овој случај би можел на било кој начин да е поврзан со случајот „Едати“, кој исто така се однесува на пратеници од Бундестагот.

Себастијан Едати, кој се повлекол од Бундестагот, обвинет е, за поседување на фотографии со сцени од детска порнографија, што за последица доведе до смена во владата на канцеларката Ангела Меркел.

Едати пред извесно време изјавил дека не е педофил за магазинот „Шпигел“.

Едати од почетокот на минатата година откако се дознало дека купувал фотографии од голи момчиња од еден канадски провајдер, јавно се огласил, ги отфрлил оптужбите дека е педофил, ги нападнал критичарите, но и го признал купувањето на фотографиите, образложувајќи дека во историјата на уметноста актот на маж, но и млади и деца долга традиција. Тој, меѓутоа, одбил да се извини за своите постапки.

„Јас не морам и нема да се извинам заради својот приватен живот, нити тоа ќе го правдам… заштитата на приватната сфера е елементарна работа во една правна држава“ смета овој социјалдемократски политичар, чија мајка е Германка, а татко Индиец.

Заради Едати, некогашниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих, морал да поднесе оставка, под обвинение дека оддал деловна тајна.

Кога станува збор за Хартман, неговиот адвокат рекол дека тука се работи за количини на дроги за сопствена употреба. Германските истражни органи не пронашле дрога во неговиот стан, пренеле медиумите.

Во рамките на истрагата се вели дека укинувањето на одлуката за имунитет на овој политичар, донесена е минатата седмица, може да биде правосилна, доколку постои доволно сомневање дека е направено кривично дело во врска со дрога.

Хартман е обвинет дека го прекршил законот за опијатите, а таблоидот „Билд“ пишува дека овој 51-годишен германски политичар е под сомневања во врска со модерната дрога „кристал мет“.

Хартман од 2002 година е член на Бундестагот и член на комисијата за надзор на работата на германските разузнавачки сужби.

За него се вели дека сака да остане член на Бундестагот, но дека дал оставка на местото портпарол за внатрешни прашања на парламентарната група на социјалистите.