Кристал Палас убаво го испоти Челзи

Освен Манчестер Сити, од поразот на Аренал профитираше и тимот на Челзи кој ја искористи предноста на домашниот терен во дуелот со новајлијата во елитното друштво, екипата на Кристал Палас.
Градската пресметка на “Стемфорд Бриџ” заврши со минимален триумф на лондонските “сини”, а решавачкиот погодок беше дело на бразилскиот интернационалец, Рамиреш.
Уште еден сигурен триумф од 4:1, во првенствената пресметка против екипата на Фулам, забележа најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната, тимот на Евертон.
Резултати: Кардиф – ВБА 1:0, Челзи – Кристал Палас 2:1, Њукасл – Саутемптон 1:1, Евертон – Фулам 4:1, Вест Хем – Сандерленд 0:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.