Кристен Стјуарт прошета боса во Кан

Американската актерка Кристен Стјуарт ја разбранува филмската елита кога ги соблече високите потпетици на црвениот тепих во Кан и продолжи да оди боса на закажаната премиера на филмот „BlacKkKlansman“.

Откако позираше за новинарите во фустан на француската модна куќа „Chanel“, Стјуарт направи неочекуван потег и ги зеде во раце чевлите на славниот бренд „Christian Louboutin“ и одеше босонога по мокриот црвен тепих и нагоре по скалите кон салата за проекцијата на филмот.

Стјуарт (28) на овој начин даде свој придонес кон протестот против одлуката на организаторите на Канскиот филмски фестивал да забранат жените на настанот да носат рамни обувки на црвениот тепих.

Во 2015 година на група средовечни жени им беше забранет влез на проекцијата на филмот „Carol“ бидејќи не носеле чевли со високи потпетици.

Тогаш Стјуарт изјави дека „нештата мора веднаш да се сменат“ и носеше патики со нејзиниот свечен аутфит сѐ додека не дојде време да се појави пред новинарите на црвениот тепих.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.