Спорт

Кристијан Воденски – македонскиот бисер со УФЦ иднина

Кристијан Воденски – македонскиот бисер со УФЦ иднина

Кристијан Воденски (роден 27. Септември 2005 год.), поседува неверојатен талент за боречки вештини, а штотуку го освои и првото место на “Герман опен“ во бразилската Џиу-Џица.

Теквондо тренира од својата петта година, а сега тренира и кик-бокс, бразилско џиу џицу и борење. Кристијан живее и тренира во Германија, а неговото потекло е од Македонија, неговиот татко Ванчо Воденски е од беровско Русиново, а мајка му од Струмица.

Иако многу германски тренери се заинтересирани за талентираниот Кристијан, сепак најголемата поддршка ја добива од својот татко кој што е каратист а воедно и негов личен тренер.

Неговиот сон е да се стане светски шампион во УФЦ натпреварувањата. Како што пренесува на својата официјална фејсбук страница, Кристијан одлучи сите негови настапи во класично борење да бидат под знамето на нашата земја, Македонија.

“Германската Кикбокс федерација ми понуди да се борам за нив, јас и мојот татко одлучивме дека нема да се борам за Германија, наместо тоа ќе чекам да наполнам 10 години и ќе чекам да настапувам само за Македонија. Исто така решивме дека моите национални настапи во класично борење (слободен стил и грчко римски стил) и бразилско џиу џицу ќе бидат под знамето на Република Македонија“ – Поздрав Кристијан Воденски.