Кристина Арнаудова по втор пат стана мајка

Поп-пејачката Кристина Арнаудова стана мајка по вторпат. За убавата вест пејачката ја информираше јавноста преку статус на својот Фејсбук профил.

Пејачката се породила во раните утрински часови и како што пишува во објавата се чувствува одлично и е најсреќната мајка на свет.

arnaudova-majka

Среќените родители не чекаа да помине време за да се решат за името на бебенцето, па уште пред неколку месеци одлучија да се вика Матео.

Имено, Арнаудова и нејзиниот сопруг веќе го имаат 5-годишниот син Максим.