Кристина Арнаудова со своја линија на чевли

Вчера вечер, рок дивата Кристина Арнаудова ја промовираше својата линија на чевли за македонскиот пазар.

Секогаш во чекор со новитетите и трендовите, пејачката овој пат зачекори во светот на модата и дизајнот. Следејќи го примерот на ѕвездата од Сексот и Градот, Сара Џесика Паркер,  Кристина овој пат докажа и покажа дека е секогаш во чекор со светските модни приказни и новитети.

chevli_k_a (3)

– Моделите што ги барав со ременчиња не можев да ги најдам овде кај нас. Во мојата потрага по совршени чевли за мене, ги запознав Шевро, оние кои можат да изработат се’ што јас посакав и барав. Во таа соработка, дојдов до идеја за да дизајнирам моја линија на чевли, за сезоната која претстои. На мое огромно задоволство чевлите веќе се во продажба во P.S. Fashion во Skopje City Mall, изјави Кристина.

chevli_k_a (4)

Помеѓу присутните на синоќешната промоција кои и ја дадоа својата поддршка можеа да се видат Александар Билјановски-Дадар, Цаци Паковска, Елена Стефановска, Верица Пандиловска, Лејла Сабит, бројни новинари и пријатели кои беа импресионирани од чевлите.

chevli_k_a (2)

Станува збор за колекција на чевли, карактеристични по своето ременче, за сезоната пролет/лето 2015.

chevli_k_a (6)

Кристина Арнаудова е доказ дека чевлите можат да го променат животот, да го направат покреативен и забавен. Пејачката освен што е актуелна по своите хитови, музика и настапи, таа веќе е препознатлива и по својот уникатен имиџ на рок дива, која сега го надополни со уникатни обувки за претстојната сезона.