Кристинс Ковач јавно се откажа од сопствената сестра

Српската пејачка и композитор, во Македонија позната како дел од жирито во „Икс-фактор“, Кристина Ковач, преку „Фејсбук“, јавно се откажа од нејзината сестра Александра, исто така музичар.

– Јас најблиска сестра ја изгубив во 1996 година, а таа мене денеска – пишува секогаш театралната Кристина, во дел од големиот исповед на „Фејсбук“.

Кавгата започнала бидејќи Александра не застанала во одбрана на хорот на нејзината сестра „Хардкорус“, кога нејзиниот партнер упатил бројни навреди кон Кристина.

– Знам дека не и се допаѓам. Не и се допаѓа тоа што родив дете и си го запустив талентот и кариерата. Прво не и се допаѓаше што се омажив, а потоа тоа што се разведов. Што се здебелив…Моето дете откако се роди, пет години скоро и да немаше тетка, па потоа шест месеци имаше, па колку што можам да видам, последните денови, скоро и да нема – пишува Кристина.