Критичар на Путин пронајден мртов

Алексеј Девоченко, руски актер и познат критичар на политиките на Владимир Путин е пронајден мртов под сомнителни околности во својот дом во Москва.

Четириесет и девет годишниот актер Девоченко е пронајден во својот стан, како што пренесуваат украинските медиуми, лежејќи во базен од сопствената крв.

Русиот актер бил познат и како критичар на Владимир Путин, што е едно од најопасните работи во „царската држава“, како што ја нарекувал Алексеј.

Полициско официјално лице одби да ја поврзе смртта на Девоченко со неговиот политички ангажман.

-Постојат основи за претпоставка дека убиството на уметникот е од криминален карактер, истакнал неименуван извор.

Пред две години Девоченко се спаси од убиство при напад во метро станица во Москва.