Критичнo во Пиреја поради бегалците

Критичнo во Пиреја поради бегалците
Критичнo во Пиреја поради бегалците

Ситуацијата на пристаништето Пиреја со бегалците се влошила до степен до кој се оценува како инфарктна, со оглед на тоа што околу пет илјади бегалци живеат на патничките терминали и во пристанишните складишта, а на грчките острови има илјадници, кои чекаат да бидат превезени до континенталниот дел на земјата, јави грчката агенција АНА-МПА.

Претставник на организацијата која им пружа помош на мигрантите и бегалците објави дека во период од една недела драстично е променета ситуацијата и оти се повеќе луѓе пристигнуваат на пристаништето Пиреја.

– На мигрантите и бегалците им помагаат организации од секој дел на светот.

Во меѓувреме беше соопштено дека грчката крајбрежна стража спасила 7.435 бегалци и мигранти изминатата недела.

Уапсени се 14 лица кои нелегално превезуваат мигранти и одземени се 40 чамци и други превозни средства за пловење по вода.

Грчките власти апелираат за вклучување на повеќе доброволци заради справување со целата ситуација. Лекарскиот сојуз на пристаништето Пиреја презел иницијатива за обезбедување медицинска помош за бегалците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.