ОН со критики кон Бугарија поради односот кон мигрантите

Високиот комесар на ОН за човекови права, принцот Зеид Раад ал Хусеин синоќа упати критики на сметка на Бугарија поради односот кон мигрантите, кои илегално влегле во земјата или се обидуваат да заминат од неа, јави ДПА.

– Постои серизона загриженост дека ваквиот однос можеби не е во согласност со меѓународните норми, изјави Хусеин по враќањето од Бугарија.

Јорданскиот дипломат нагласи дека во Бугарија има „извесен позитивен развој“, но дека во земјата и натаму се спроведуваат вознемирувачи политики и пракси.

Ал Хусеин истакна дека Бугарија практикува правило за приведување на сите лица кои илегално ќе влезат во земјата.

– Што е уште полошо, можно е тие лица да бидат и судени и осудени на затворски казни од една или повеќе години, доколку се обидат да ја напуштат земјата, рече Ал Хусеин.

Тој нагалси дека обидот за напушптање на земјата во Бугарија се третира како кривично дело, иако според меѓународните норми, како што рече, секој има право да напушти една држава, вклучително и сопствената.

Според Ал Хусеин, ваквата политика ги остава во безизлена ситауција оние мигранти кои нема да добијат статус на бегалци, а од најразлични причини не сакаат или не можат да се вратат во своите земји.

Ал Хусеин ги критикуваше и зачесетните антимигрантски и ксенофобични изјави на јавни личности, кои ги поддржуваат активносите на самороганизираните добровилни вооружени групи кои „ловат“ мигранти долж бугарската граница со Турција.

– Бугарската Влада не прави доволно за да се спротивстави на овие вознемирувачки тенденции, а според некои дури и ја поттикнува нетолеранцијата. Потребно е да се создаде амбиент за почитување на човековите права и за ставање крај на прекршоците и злоупотребите кои се прават, изјави Ал Хусеин.

Во реакција на изјавите на Ал Хусеин, бугарското Министерство за внатрешни работи, како што јави БТА, оцени дека тие „не ја прикажуваат целосно објективно ситуацијата поврзана со лицата кои бараат азил во земјата“.

Бугарската Државна агенција за бегалци пак соопшти дека лицата кои бараат азил се сместуваат во прифатни центри од затвотен тип, со цел да се утврди или провери нивниот идентитет или кога тоа е неопходно за заштита на националната безбедност и јавниот ред.

– Во моментов во ниту еден од четирите регионални центри за сместување на мигранти нема странци кои таму се држат под принуда, а нема ни податоци за кршење на човековите права, нагласи Дирекцијата во својата реакција.