Критики за владата на Заев од сите страни

ММФ денес остро го критикуваше огромниот дефицит и растот на долгот кој Владата на Заев и Тевдовски.

Како резултат на ефектите на политичката криза, Меѓународниот монетарен фонд проектира раст на македонската економија од 1,9 отсто за годинава, а за следната година се очекува интензивирање на растот на 3,2 отсто. Проекцијата на стапката на инфлација годинава е дека таа ќе остане на ниско ниво од 1,2 отсто.

Проектираниот буџетски дефицит за 2017 година изнесува околу 3 отсто од БДП. Притоа, Извршниот одбор на ММФ ја истакнува потребата за фискална консолидација, со оглед на брзиот раст на јавниот долг во минатото и високите потреби за финансирање.

Фондот препорачува намалување на дефицитот. Во 2016 изнесувал 45% од БДП или двојно е зголемен споредено со 2008. Прогнозите се дека до 2022 може да стигне до 53%. За негово намалување Фондот препорачува ефикасни мерки како што се засилено собирање на ДДВ, повисоки даноци на имот и за енергија, како и намалување на субвенциите, но при тоа да се води сметка за најранливите категории граѓани.

Но за разлика од препораките Владата на Заев и Тевдовски изминатиот период дефицитот го покрива преку секојдневно задолжување на граѓаните на Република Македонија.

Тие секојдневно по основ на државни хартии од вредност, државни резерви и кредити и задолжувања по друг основ за само половина година ја задолжија Република Македонија за околу 600 милиони евра.

Со цел зачувување на конкурентноста и фискалната оддржливост, Извршниот одбор ја истакнува потребата растот на платите да ја следи продуктивноста. Исто така, во услови на стареење на населението, е нотирано значењето на зголемувањето на стапката на активност, како и на активните мерки на пазарот на труд.

Фондот бара и зголемување на границата за пензионирање затоа што во Македонија се одело порано во пензија отколку во другите земји во регионот. Предлагаат поместување на границата за одење во пензија, но и за измени на законите кои овозможуваат порано пензионирање.

ММФ предупредува дека стапката на неврабоенста од 23% е меѓу највисоките во Европа, препорачува реформи во образованието затоа што невработени главно се неквалификувани.

Извршниот одбор на Фондот препорачува понатамошни подобрувања на управувањето и јавната администрација, логистиката за трговија и вештините со цел привлекување на повисоки странски директни инвестиции.