среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 38

Криумчари натерале мигранти да скокнат во морето близу Јемен, се удавиле 51

imigranti

Поврзани вести

Најмалку 29 мигранти ги загубиле животите, а 22 се вода како исчезнати во Арапското Море, откако криумчарите ги натерале 120-те патници да скокнат во морето близу Јемен, извести во средата вечерта Меѓународната организација за миграции (|OM).

„Рано утрото криумчар задолжен за транспортот натерал повеќе од 120 сомалиски и етиопски мигранти да скокнат во морето додека се приближувале кон јеменската покраина Сабве, во Арапското Море“, се наведува во соопштението на IOM, во кое се пренесуваат изјавите на преживеаните.

Набрзо по трагедијата пронајдени се закопани 29 мигранти на плажа во Шабве во текот на рутинска контрола. Организацијата наведува дека гробовите ги ископале преживеаните, 27 кои се згрижени од медицински персонал.

Истрагата е покрената во соработка со Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се наведува со податокот дека просечната возраст на патниците на бродот била 16 години.

„Преживеаните им рекоа на колегите на плажата дека криумчарот ги натерал да скокнат во моето кога на брегот забележал претставници на властите“, изјавил Лорен де Боек, шеф на мисијата за Јемен.

„Исто така, ни кажаа дека криумчарот се вратил во Сомалија за да ја продолжи својата работа на тренаспорт на миграните во Јемен преку истата рута. Тоа е шокантно и нечовечки. Патењата на мигрантите на оваа рута се големи. Премногу млади луѓе им плаќаат на криумчарите во надеж дека ги чека подобра иднина“, изјавил де Боек.

Од јануари 2017 година до дене околу 55.000 имигранти испловиле од Рогот на Африка кон Јемен, главно во надеж дека ќе влезат во некоја од богатата земји во Персискиот залив.

Повеќе од 30.000 од тие мигранти се помлади од 18 години. Доаѓаат од Сомалија и Етиопија и третина од нив се жени, наведува IOM.

Патувањето по таа рута особено е опасно е да се управува сега кога е сезоната на ветровите во Индискиот Океан. Криумчарите делуваат во Црвеното Море и Аденскиот залив нудејќи лажни имигранти.

Најчитани вести