сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 43

Крива Паланка ќе добие извиднички музеј

На прославата на 56 години од постоењето на извиднички одред „Наум Наумовски – Борче“ Крива Паланка, синоќа, беше најавен нов проект кој ќе го реализираат скаутите, изградба на музеј на извидници.

музеј

Поврзани вести

– Чест ми е на роденденот  да најавам нов капитален проект со кој во старите простории на извидничкиот одред  ќе се оформи музеј што ќе ги возобнови спомените од 1960 година до денес, од сите активности на извидниците, старешините кои го развивале одредот. Ќе бидат собрани и изложени фотографии, значки, трофеи кои датираат од самото формирање до ден денес, рече Игор Ангеловски  старешина на ИО „Н.Н. Борче“.

Проектот ќе се имплементира со финансиска поддршка на USAID.

– Главна цел на одредот е да придонесе за развој на членовите во млади и одговорни личности преку унапредување на нивните психофизички, интелектуални, духовни и општествени можности како поединци и одговорни граѓани, членови на локална, и воопшто на меѓународна заедница, дополни Ангеловски.

Одредот е формиран во далечната 1960 година. -Тогашното здружување беше озваничено на иницијатива на извидниците од Куманово и Скопје. Оттогаш досега организацијата се развива и бележи бројни успеси кои се надевам и во иднина ќе продолжат, рече првиот старешина на одредот Анте Христов.

Јованче Маџовски, поранешен старешина, рече дека одредот е извор светлина, сонце на младата популација  и патоказ на патриотизмот во Македонија.

На прославата по повод 56 години од формирањето на ИО „Н.Н.Борче“ беа доделени и благодарници на соработниците од приватниот и јавниот сектор во општината.

Најчитани вести