петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Кривичен ги одби барањата на Јанева за случајот „Тортура“

Со тоа се докажа и дека Катица Јанева без основа барала мерки кон лицата за кои конструираше наводен случај на тортурата врз Љубе Бошковски.

Katica-Janeva-Ljube-Boskovski

Поврзани вести

Кривичниот суд го одби неоснованото барањето на специјалното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост на шестмина осомничен во случајот „Тортура“.

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дека поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  (СЈО) за предметот во јавноста познат како „Тортура“, донесе решение со кое, предлогот за осомничените : И.А., Н.С., П.М., М.Ш., Ф.А и Ј.Б., се одбива како неоснован, информираат од Основниот суд Скопје 1.

Имено за горенаведените лица судот не го прифати предлогот на СЈО, а со тоа и не им определи мерка на претпазливост – забрана за вршење на сите полициски овластувања кои осомничениот ги има како полициски службеник и конкретни забрани за вршење на работи и работни задачи и овластувања кои ги има согласно актите за систематизација, се додава во сооштението од судот.

Инаку, според информации од Министерството за внатрешни работи објавени на 7.6.2011 година, Бошкоски беше осомничен дека пречекорувајќи ги своите законски овластувања, како претседател на политичката партија Обединети за Македонија, во периодот од април-јуни 2011 во три наврати противправно прибавил парични средства во износ од 130.000 евра заради финансирање на политичка кампања на партијата.

-Од преземените мерки и активности утврдено е дека пријавениот во три наврати и тоа во месец април (10.000 евра), мај (20.000 евра) и на 6.6.2011 (100.000 евра) во Скопје остварил средби на кои ги примил горенаведените парични средтсва за финансирање на активностите и афирмацијата на политичката партија „Обединети за Македонија“. Љ.Б. гипримил паричните средства спротивно на одредбите од Изборниот законик, иако знаел дека примањето на парите не е во согласност со Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик, информираше тогаш МВР за акцијата „Кампања“.

Во медиумите се појавија и видео снимки на кои јасно се гледа како Бошковски договара промена на името  за што добива финансиски средства наменети за финансирање на политичката кампања.

Еве како се пазареше Љубе Бошковски за да дојде до финансиски средства за политичката кампања.

Најчитани вести