Кривичен суд: Прераспределувањата на судиите е од организациски карактер

Потребата за овие прераспоредувања се јавува со оглед на фактот дека во овој Суд од страна на Судскиот совет беа избрани двајца нови судии, еден судија беше избран во повисокиот – Апелацискиот суд, двајца судии заминаа во пензија, а се јави и потреба од поставување двајца раководители односно раковидител на Одделот за малолетници и раководител на Одделот за кривично полнолетни, а неколку судии согласно член 39 од Законот за судови, лично поднесоа барање за прераспоредување во друг оддел заради лични или здравствени причини.

На колегиумот што бил одржан на 13-ти овој месец од претседателот на овој Суд учествувале сите судии.

– Сите судии ја произнесоа својата желба каде сакаат да бидат распоредени согласно нивните амбиции и согласно чл.39 од Законот за судовите бидејќи за прераспоредување надвор од годишниот распоред е потребна волја на судијата, а во спротивно истото се прави по образложена одлука на претседателот на Судот.

Од Кривичниот суд информираат дека во процесот на распоредување по одржаниот колегиум се донесени одлуки за распоредување на судијата Ненад Савевски во Одделот организиран криминал претходна постапка како зајакнување на овој оддел, судијата Даниела Димовска е распоредена во Одделот кривично претходна постапка, судијата Оља Ристова е прераспоредена од Одделот за прекршоци област сообраќај во Одделот кривично малолетни, додека судијата Лирие Елези Ајрулау која постапува во Одделот кривично малолетни е определена за претседател на Одделот кривично малолетни.

Од Кривичниот суд посочуваат дека во следниот период дополнително ќе следат и нови одлуки за прераспоредување во зависност од потребите за да не се доведе во прашање постапувањето на Судот.