Кривичен суд: Василевски, Арнаудов и Илиевски не штрајкуваат со глад

Притворените пратеници за настаните во Собранието од 27-ми април минатата година, Сашо Василески и Љубен Арнаудов, како и еден од организаторите на протестите за „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски во овој момент не штрајкуваат со глад, потврдија од Кривичниот суд.

Дел од медиумите повикувајќи се на пишувања на социјалните мрежи од нивните роднини и пријатели објавија дека Василевски, Арнаудов и Илиевски од неделата штрајкуваат со глад во истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.

На тројцата минатата седмица им беше продолжен притворот за уште 30 дена, откако Апелацискиот суд ги одби нивните жалби. Приведените се осомничени за тероризам и уставно загрозување поради нивното учество во настаните од април минатата година во македонскиот парламент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.