Кривичен и Врховен суд добија нови претседатели

Судијката, Татјана Михајлова е избрана в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, а судијката Снежана Бајлозова за в.д претседател на Врховниот суд.

Ваква одлука донесе Судскиот совет на денешната седница којашто беше одржана за избор на привремени претседатели на најзначајните судови.

Бајлозова беше избрана летово за судија во Врховниот суд, а претходно судеше предмети во Апелациониот суд во Скопје. Таа е и еден од кандидатите за избор на редовен претседател во највискиот суд, Врховен суд, заедно со актуелната претседателка, Лидија Неделкова, поранешниот претседател, Јово Вангеловски и Беса Адеми.

За претседател на Кривичниот суд кандидирани се актуелниот претседател, Владимир Панчевски, Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ.

Мандатот на Панчевски и Неделкова им истекува оваа недела, но поради препораките од Антикорупциската комисија да не се назначуваат избоир на претседатели во тек на изборна кампања, поставени се в.д. претседатели.