Кривична пријава против двајца тетовци кои дилале дрога

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А. (22) од Тетово и Л.М. (19), државјанин на САД, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекусори“.

На 14.09.2014 година, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел калибра управувано од В.А., при што под седиштето пронајден е сигнален пиштол, додека при прегледот на Л.М. пронајдени и одземени се 2,1 грам марихуана и 0,4 грама мешавина од тутун и марихуана.

Основниот суд Тетово, на Л.М. му изрече мерка забрана за влез во Р Македонија во траење од шест месеци и сам да ја напушти територијата на Р Македонија во рок од 24 часа, додека против В.А. е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок од Законот за оружје.