Кривична пријава против тетовчанец за разбојништво

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35) од Тетово, за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 13.11.2012 година, во 09,00 часот во спортската обложувалница „Плеј Ин“ во Тетово, пријавениот маскиран и со закана со пиштол извршил разбојништво над две вработени, одземајќи им чанта со 100.000 денари, 150 евра и новчаник со 8.000 денари и лични документи.