Кривична пријава против тројца крадци од Желино

Кривична пријава е поднесена против В.М.(21), М.Џ. (23) и И.Ф.(18), сите од с.Стримница-општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела од кои две „тешки кражби“ и две „тешки кражби во обид“.

Како што соопшти МВР, пријавените во  месец ноември 2014 година, во три наврати со употреба на физичка сила и подесен предмет ги извршиле делата во три куќи, чии сопственици се наоѓаат во странство како и во столарска работилница, од каде одзеле разновиден алат, со што причиниле материјална штета од 187.000 денари.